ФК Вардар денес гостуваше со пионерските екипи кај ФК Работнички, на овие градски дерби натпревари дојдовме до половичен успех, односно остваривме една победа и еден пораз.
Помладите пионери направија исчекор кон титулата, има уште доста да се игра, но денес се одлепија на врвот на табелата. Победивме во средбата со Работнички со резултат 0-1 (0-0)
Јанев Саше започна со овој состав: Краљевски Максим, Николов Михаил, Ајетовиќ Нуман, Миовски Александар, Порчу Димитар, Брзаковски Ангел, Николовски Марко, Величковски Андреј, Коловски Стефан, Лефковски Давор и Цониќ Максим.
Првиот период од 45.минути заврши со резултатска симетрија, односно со почетниот резултат 0-0. Двата тима играа цврсто во поле, ние немавме сериозна шанса во завршницата во тој период, домаќинот погоди еднаш во стативата. Сепак мрежите на двата градски ривала на ова дерби мируваа по првиот период и се замина на одмор без погодоци. Ова дерби беше средба на лидерот, Вардар и тимот кој пред дуелот беше на два бода зад нас со натпревар помалку, Работнички.
Во вториот дел ние тргнавме по гол со цел да дојдеме до победа за лидерска позиција, прва голема шанса имаше Давор Лефковски чиј удар ја задрма стативата од голот на „романтичарите“ сепак остана реми. Истиот играч мајсторски во простор го проигра Танчев Михаил кој беше непогрешлив и реши уште еден натпреватр, тој стрелаше за 0-1 во 72.минута. Резултат кој се покажа како доволен за три бода и предност од 5.пред денешниот противник на врвот на табелата.
Во игра влегоа: Танчев Михаил, Анастасов Матеј и Ѓорѓиевски Матеј.
Пионерите беа поразени од своите врсници кои се лидери на табелата со резултат 4-1 (1-0).
Вардар: Апостоловски Илија, Трајчевски Александар, Фидановски Зоран, Митревски Матеј, Јакимовски Лука, Спасиќ Тино, Кузмановски Михаил, Сековски Дарко, Ристовски Стефан, Уневски Никола и Бундалески Максим.
Првиот дел заврши со минимална негатива за црвено-црните пионери. Двата тима тргнаа резервирано, на овој натпревар. На самиот почеток по само 12.минути фудбал на ова гостување домаќинот го совлада нашиот голман Апостоловски Илија и поведе со 1-0. Подоцна се покажа како конечен резултат за првите 45.минути на ова пионерско дерби.
Ние влеговме со желба и надеж дека ќе успееме да ја анулираме предноста, сепак домаќинот во 53.минута успеа да ја удвои својата. Работнички поведе со 2-0 на оваа средба, а ние по само пет минути успеавме да ја преполовиме нивата предност. Во 58.минута преку Бундалески Максим дојдовме до намалување на негативата на 2-1. Кога требаше да дојдеме до изедначување немавме сили за истото, па Работнички успеа да погоди уште два пати. Со головите во 80 и 82.минута домашниот тим успеа да дојде до висока победа од три гола, односно со резултат 4-1.
Во игра кај нас влегоа: Туша Агрон, Нурединовски Алтин и Цикарски Дамјан.