Monday ,13 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Гачевски влезе во клубот ,,150″
Гачевски влезе во клубот ,,150″

Гачевски влезе во клубот ,,150″

.
Филип Гачевски вчера прослави еден јубилеј во црвено-црниот дрес, откако по 150-ти пат го облече дресот на најголемиот клуб во земјава.
.
Миленикот на вардаровите навивачи е воедно и член на златната вардарова генерација која што играше во групната фаза во Лига Европа и е пример за вистински лидер во и надвор од фудбласките терени. Гача, ти посакуваме уште многу заеднички успеси во црвено црниот дрес.

,,Чест и задоволство ми е што стигнав до бројката 150 во најголемиот Македонски клуб , мојот омилен Вардар” , напиша чуварот на мрежата на вардарци.