Младинците на ФК Вардар го совладаа високо тимот на Работнички во градското младинско дерби. Избраниците на Милан Илиевски-Мичка дојдоа до победа на домашен терен со резултат 3-0 (3-0).
Мичка дуелот го започна со овој состав: Јовчев, Живков, Величковски, Трпезановски, Серафимов, Стојилевски, Каровски, Стојановски, Дошев, Хасани и Здравковски.
Тргнавме офанзивно, прва прилика имавме преку Живков на оваа средба. Гостинот се закани на нашиот гол одлично одбрани Јовчев. Ние имавме повеќе од играта, Здравковски се закани со удар од дистанца кој мина над гредата. Шансите се редеа пред голот на противникот, потоа се обидоа да отворат и Серафимов и Хасани, чии удари не донесоа предност, но ние бевме тимот кој доминираше и прашање на време беше кога ќе отвориме со гол. Никола Величковски стапи на сцена, најпрвин во 30.минута имаше прилика, потоа во 32.минута со мајсторски удар од 20.метра погоди во аголот за предност од 1-0. Атакувавме на удвојување на предноста, Величковски со удар со глава успеа да донесе предност од 2-0. Противникот се закани, но на нашиот гол капитенот Јовчев Гоце беше на висина на задачата. Нашата добра игра во последните 2.минути беше крунисана со гол на Живков, се играше 43.минута кој ги постави конечните 3-0 за првите 45.минути на овој младински суперлигашки натпревар.
Во вториот дел влеговме растеретени поради високата предност, тренерот на вардарци направи измени на самиот почеток со цел да освежи дел од тимот. Голема прилика имавме преку Здравковски, чиј удар го сопре противничкиот голман. Потоа следеа уште две шанси кои не ги претворивме во погодок, Здравковски и Живков се обидоа да погодат по 4-ти пат во мрежата на гостинот. Ние целосно диминиравме во сите аспекти на фудбалската игра на оваа средба. По една од ретките контри на „романтичарите’ на нашиот гол повторно фантастичен беше Јовчев кој го фати ударот со влез во нозе. Со убедлива игра и резултат 3-0 дојдовме до победа.