Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите без бодови од средбата со Работнички
Кадетите без бодови од средбата со Работнички

Кадетите без бодови од средбата со Работнички

Кадетите на Вардар денес ја пречекаа екипата на Работнички, на дуел на домашен терен бевме поразени со резултат 0-4 (0-0).

99999999999

Вардар започна со овие 11: Данстак, Петровски, Јовановски, Цветков, Алексоски, Таневски, Алији, Абаз, Анчевски, Здравковски и Недељковиќ.

277163196_10221212936975186_6429818336819424521_n

Тргнавме одлично се боревме за секоја топка и успеавме да се заканиме први. Прв обид имаше Aлији за црвено-црните кадети, веднаш потоа удар кон голот на гостинот упати и Филип Јовановски. Работнички се обиде со два удара надвор од казнениот простор, нашиот голман Данстак Андреј беше сигурен на голот. Анчевски се закани со удар од 20.метра, неговиот шут мина крај голот. Во последните 5.минути пропуштивме две неверојатни прилики. Aлији од 5 метра шутна силно во голман на гостинот. Јовановски во последната прилика изби сам со голманот и од 10.метра шутна силно, за жал над гредата. На одмор на овој кадетски дуел заминавме со почетниот резултат, 0-0.

277807995_10221212935535150_1721097059061133379_n 277805374_10221212934455123_2488907700731801015_n 277761302_10221212935335145_7046747094600368040_n

Вториот дел започна со прилика за гостинот и одбрана на нововлезениот голман, Филевски. Ние повторно имавме одлична шанса преку Aлији, но не отворивме. Стигна казна за големиот број на промашувања, во 56 и 59.минута ривалот успеа да погоди и поведе со 0-2. По овие два брзи погодоци во нашата мрежа како да изгубивме мотивација за надигрување, противникот успеа да влезе во ритам постигна уште два погодока и не совлада со резултат 0-4.

277583146_10221212934655128_3166827080586967877_n