Кадетите на KK Вардар со победа го завршија официјалниот дел од завршниот турнир во централноевропската дивизија на Европската младинска кошаркарска лига и го освои второто место.
На денешниот натпревар против Хонвед, „црвено-црните“ го победија Хонвед со 89-74 и го освоија второто место, зад Ратгебер Академија од кого вчера го доживеаја единствениот пораз. Унгарците се и победници на овој турнир, а натпреварот на Вардар против Будуќност утре изутрина ќе биде од ревијален карактер затоа што црногорскиот тим во Печ играше како замена за Леи од Романија, па и резултатите не му беа земени во конкуренција.
На натпреварот блескаа Љубен Ефтимовски и капитенот Григориј Ѓорѓевиќ, првиот постигна 30 поени и 10 скока, а вториот 26 поени и 11 скока.
Со ова, Вардар обезбеди пласман во суперфиналето од EYBL кое ќе се игра од 14 до 17 април во главниот град на Летонија, Рига.