Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Падна и италјанска Перуџа, момците на КК Вардар М14 редат победи во Унгарија
Падна и италјанска Перуџа, момците на  КК Вардар М14 редат победи во Унгарија

Падна и италјанска Перуџа, момците на КК Вардар М14 редат победи во Унгарија

Изминатите два дена и денес, младите вардарци  се дел од нов турнир во „Европската младинска кошаркарска лига“. Истиот се игра во Унгарија, вчера  КК Вардар М14 на овој турнир дојде до втората победа.

КК Вардар се сретна со тимот на КК Перуџа од Италија во 2.коло, нашите момци дојдоа до висока победа во меч во кој доминираа максимално. Победата дојде со 13.поена предност, ние триумфиравме во ова коло со 75-62. За потсетување во првото коло го совладавме тимот на КК Флеш од Србија со резултат 72-64.

Денес ќе ги одиграме последните два меча, ние ќе одиграме натпревари против екипите на Цибона и ЕГЕ Асист.