Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Голема победа за Македонија, Стоилов постигна четири голови во триумфот против Украина
Голема победа за Македонија, Стоилов постигна четири голови во триумфот против Украина

Голема победа за Македонија, Стоилов постигна четири голови во триумфот против Украина

Голема победа за македонската ракометна репрезентација на отварање на Европското првенство. Со гол во последните секунди на Кирил Лазаров, Македонија славеше минимално во дуелот со Украина (26:25).

Избраниците на Брестовац имаа предност во најголем дел од натпреварот, но во последната минута од дуелот, противникот успеа да го израмни резултатот. Во еден дел од првото полувреме имавме и највисоки четири голови разлика (10:6), но и дозволивме на Украина да се врати во игра и да намали на само еден гол негатива (10:9). Сепак до крајот на првото полувреме, Македонија се погрижи да има позитива од три гола (13:10), благодарение на одличниот голман, Никола Митревски кој беше еден од најзаслужните за оваа победа.

Добро игравме и во второто полувреме, кога стигнавме и до најголема предност од пет гола (21:16). Украина не се предаде, направи серија од четири последователни погодоци и намали на 21:20. Македонија повторно се одлепи на три гола, но избраниците на Бебешко го внесоа мечот во голема неизвесност, откако израмнија на 25:25. Во последниот напад, најпрво Стоилов изнуди исклучување за противнички играч, со што во последните секунди се создаде можност, Лазаров да има простор да бие, нашиот капитен погоди за 26:25 и за прва победа на ЕП.

Дефинитивно, јунак беше Митревски кој мечот го заврши со 15 одбрани. Лазаров беше најефикасен со 8 голови, додека Стоилов имаше 4 погодоци.