Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Статистички податоци за КК Вардар во есенскиот дел
Статистички податоци за КК Вардар во есенскиот дел

Статистички податоци за КК Вардар во есенскиот дел

Кошаркарската федерација на македонија на својот официјален сајт постави текст за статистичките податоци за КК Вардар. За постигувањето на сениорите во есенскиот дел се вели:

Тренерот на „црвено-црните“, Дарко Радуловиќ, испроба дури 18. кошаркари во полусезоната, ефектот не е според очекувањата…

 

Комбинација на млади сили и неафирмирани странски кошаркари беше формулата на Вардар за оваа натпреварувачка сезона. Барем оној прв дел, односно 11. одиграни натпревари.

За жал по „вардарци“, не донесе и очекуван резултат. Истиот вели дека Вардар реализира само една победа, а запиша и десет порази, што е сигнал дека за една недела, кога продолжуваат возбудувањата во шампионатот, ги чека тешка битка за опстанок во друштвото на најдобрите екипи во нашата земја.

Интересно е дека предводникот на овој тим, Дарко Радуловиќ искористи дури 18. кошаркари., макар што добар дел од нив се оние од младинскиот погон.

Но како и да е, „времето на поминување“ може(ше) да биде и подобро од актуелното.

Поединечно гледано, само двајца кошаркари ја надминале двоцифрената бројка на реализирани поени, Ајуда Невеш дојде до просек од 17.5 поени, а Дамјан Робев пак има 10.9.

Славчо Темелковски е најдобриот скокач во овој тим на Вардар со просечни осум скока по натпревар (одигра 9 од 11 натпревари). Фисник Јунику кој го одигра првиот дел од оваа полусезона (седум мечеви) е најдобар додавач со 3.7 асистенции по меч. Тој има(ше) и најмногу загубени топки, по 4.3, додека пак улогата на најдобар „крадливец“ ја има Невеш (по 2.2 на натпревар).

hhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhh

Процентуално, Невеш е и најдобриот реализатор од линијата за слободни фрлања (79.5%), пред Станимировиќ (78.6%) и Темелковски односно Робев со 75%.

Игор Ивановиќ е со најдобар процент на реализација во шутот за два поени. Има точно 60% на реализација, пред Станимировиќ кој има 56.8% и Михајло Арсоски со 51.2%.

Најдобар во реализација на ударите вредни три поени засега е Робев, со 37.7%, Невеш има 34.9%, а вториот странец во тимот од „Под Кале“, Дино Радош 33.3%.

Во овие 11.рунди од натпреварувањето, „вардарци“ реализирале по 69.9 поени, 31.2 скока и 14.7 асистенции, како и 18.2 загубени и 8.5 освоени топки. Погодувале со 74.9% во шутот за еден поен, 44.6% за два и 29.7% за три поени.