Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > Одбојка! Вардар триумфално во гости кај Шутова
Одбојка! Вардар триумфално во гости кај Шутова

Одбојка! Вардар триумфално во гости кај Шутова

Во исклучително израмнет и квалитетен одбојкарски натпревар кој траеше повеќе од два часа, екипата на Вардар му го нанесе првиот пораз на составот на Шутова. Самиот резултат на мечот е најдобра потврда за изедначеноста и неизвесноста на овој натпревар.Првиот сет им припадна на домаќините во игра на разлика, за вториот, исто така, изедначен сет гостите да го решат во своја полза и резултатски да го израмнат натпреварот.

Во третиот сет гостите заиграа ефикасно во нападот и цврсто во блокот, што резултираше со освојување на овој сет. По слично сценарио но овој пат домаќините доминираа на паркетот и четвртиот сет го решија во своја полза, со што и резултатски се вратија во мечот.

Петтиот и одлучувачки сет гостите го стартуваа со два поени разлика, која ја одржуваа до самиот финиш ,кога и направија три поени предност, што беше доволно да го освојат сетот а со тоа и мечот.

Кај домаќините со својата игра се истакнаа Ислами,Абази и Куртиши, додека во гостинскиот состав предничеа Клопчевски, Блажевски и Ангеловски.

извор: Нова Македонија