Интернационалниот Олимписки комитет презенираше 25 спортисти кои ќе ја имаат улогата на амбасадори на сите спортови, кои се членки на олимпиското движење како дел од промоцијата на Олимписките игри за млади. Овие игри ќе се одржат во Буенос Аирес, Аргентина идната 2018 година. Идната година во Аргентина за првпат ќе биде промовиран ракометот на песок како официјален спорт, а во иднина се очекува да добие свое место и на Летните Олимписки игри. Чест да биде амбасадор доби вардарката Лекиќ.
На Олимписките игри за млади се очекува да настапат преку 4 000 луѓе во 32 различни спортски дисциплини, видеото од промоцијата на вардаровата ракометарка како амбасадорка може да го погледнете -ТУКА!