Голем е интересот за следниот натпревар на Вардар во Лигата на шампионите, побарувачката на билети за овој натпревар со Рајн-Некар е речиси на ниво на оној со Барселона. Вчера на три дена до натпреварот, закажан за сабота во 17 часот и 30 минути, билети за седење нема.
Во моментов салата е сѐ уште не е целосно распродадена бидејќи достапни се уште неколку десетици билети за стоење. Се очекува целосно да се распродадат истите и во сабота да гледаме нов рекометен спектакл во Спортскиот центар “Јане Сандански“-Скопје.