Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардарки лесно триумфираа во Кавадарци, тимот на Трокал немоќен
Вардарки лесно триумфираа во Кавадарци, тимот на Трокал немоќен

Вардарки лесно триумфираа во Кавадарци, тимот на Трокал немоќен

Започна новата сезона во женската Прва кошаркарска лига, во првото коло вардарки беа гостинки во Кавадарци. Девојките на Жаклина Стојановска, одбраната на титулата ја започнаа со висока победа.

Црвено-црните дами на дуелот со тимот на Трокал доминираа во сите аспекти на кошаркарската игра . Тие започнаа со добра игра во одбраната и подигнување на предноста од почетокот, потоа од четвртина во четвртина таа растеше се до крајните 44.поени позитива. ЖКК Вардар на дуелот кој се играше во салата „Јасмин“ го доби со резултат 22-66.

Веќе во следното, второ коло ние сме домаќини, во големото дерби против тимот на Бадел, единствениот сериозен ривал за титулата.