Вардар влезе во серија од два порази во Лигата на Шампионите. Втор висок пораз за само една недела, овој пат од екипата на Веспрем на гостински терен. Повторно примивме голем број на голови во одбраната, додека имавме само шест голмански одбрани, па од тука може да се бараат причините за високиот пораз. На прес-конференцијата се појави тренерот на голмани, Дејан Периќ кој го призна поразот.
Сакам да му честитам на Веспрем за победата, беше подобар од нас и заслужено ги освои бодовите. Имавме можност да играме пред полна арена, навивачите на Веспрем направија одлична атмосфера, па чест е за секој играч да игра во оваа сала. Тактички, Веспрем не надигра, беа подобро поставени, иако во второто полувреме стигнавме до два гола негатива, не успеавме да ја загрозиме нивната предност. Едноставно, Веспрем беше подобар и во напад и одбрана, истакна Периќ.
Дисингер беше втор стрелец во Вардар со 6 голови, недоволни да се избегне големиот пораз.
Честитки до екипата на Веспрем за победа, едноставно немавме среќа во одредени моменти кога се „кршеше“ резултатот. Се боревме во второто полувреме, но Веспрем влезе во серија на погодоци и се одлепи на голема разлика. Мора да признаеме дека Веспрем денес беше многу подобра екипа на теренот.