Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар се врати на победите, високо совладан Водно Санс
КК Вардар се врати на победите, високо совладан Водно Санс

КК Вардар се врати на победите, високо совладан Водно Санс

По  поразот од тимот на Работнички 2018  во 9.коло со кој беше прекината нашата низа од 8.победи по ред, КК Вардар се врати на победите овој викенд.

Вардар во дуел од 10.коло во Втората кошаркарска машка сениорска лига  беше домаќин во малата сала при спортскиот центар „Кале“. На нас ни гостуваше екипата на КК Партизан Водно Санс. Црвено-црните го имаа дуелот под контрола, од првата четвртина поведоа и постепено ја зголемуваа предноста во сите четири периода од оваа средба. Вардарци остварија победа со високи 61.поен повеќе, односно со резултат на крајот 97-61.