Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Две победи за екипите на ЖКК Вардар на тест-мечевите со Башкими Призрен
Две победи за екипите на ЖКК Вардар на тест-мечевите со Башкими Призрен

Две победи за екипите на ЖКК Вардар на тест-мечевите со Башкими Призрен

Вчера во малата сала при Спортскиот центар “Кале“ се одигаа две пријателски средби. Кошаркарките на ЖКК Башкими од Косово гостуваа кај вардарки со младинската и сениорската екипа, на двата напревари дојдовме до победа.

Најпрвин младинскиот тим на ЖКК Вардар го совлада тимот од Призрен со 47.поени разлика во дуел во кој целосно доминиравме во сите четири периода. Победата за младите надежи дојде со резултат 95-48. Сениорскиот тим исто така победи, триумфот над девојките од Косово беше изразен со двоцифрена разлика. Победата ја однесоа црвено-црните дами со резултат 81-71.