Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Нови победи за Чупиќ и Валчак, вардаровите играчи се запишаа во листата на стрелци
Нови победи за Чупиќ и Валчак, вардаровите играчи се запишаа во листата на стрелци

Нови победи за Чупиќ и Валчак, вардаровите играчи се запишаа во листата на стрелци

Чупиќ и Валчак остварија нови победи со своите репрезентации на СП во Египет.

Хрватска стигна до рутинска победа во дуелот со Бахреин, прва во втората фаза за избраниците на Червар. Со половина од силите, хрватите го победија противникот со резултат 28:18. После нецели десет минути игра резултатот на семафорот гласеше 7:1, па беше јасно кој е фаворит за освојување на бодовите. До крајот на првото полувреме, Бахреин одржа некаква резултатска неизвесност, со оглед дека на одмор заминаа со само пет гола негатива (13:8).

Вториот дел започна со два гола во серија за Хрватска, која повторно ги имаше оние највисоки седум голови разлика. Се чуваа силите за следните два решавачки натпревари, па Хрватска играше резервирано до крајот на натпреварот, но и тоа беше доволно да се стигне до победа со двоцифрена разлика (28:18).

Чупиќ повторно беше во составот на репрезентација постигнувајќи два гола.

До триумф стигна и селекцијата на Полска на натпреварот против Уругвај. Полјаците ја оправдаа фаворитската улога и на крајот победија со резултат 16:30. Во најголем дел од мечот, Полска беше во предност и ниту во еден момент не беше загрозена нивната победа. На полувреме се стекнаа со водство од 9:14.

Вардаровиот пикер, Патрик Валчак беше во листата на стрелци со вкупно 3 погодоци.