Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Мораеш: Имаше преку 200.000 луѓе кои не чекаа, во тој момент навистина се почувствував како да сум во рајот
Мораеш: Имаше преку 200.000 луѓе кои не чекаа, во тој момент навистина се почувствував како да сум во рајот

Мораеш: Имаше преку 200.000 луѓе кои не чекаа, во тој момент навистина се почувствував како да сум во рајот

Рожерио Мораеш е откритие на РК Вардар. Бразилецот не играше и не сметаше на него Кил, а Вардар го доведе и го направи вистинси sвер. Мораеш откако се прослави во Вардар и стана шампион на Европа, за него почнаа да прашуваат и многу други ракометни великани.

Мораеш никогаш нема да го заборави пречекот на ракометарите на Вардар од армијата навивачи на клубот. Тој вели дека во еден момент се почувствувал како да е во рајот…

,,Тоа беше пресвртница во мојата ракометна кариера. Започнувајќи од ништо, па да станеш херој на многу луѓе, е премногу убаво чувство. Имаше преку 200.000 луѓе кои нè чекаа на плоштадот во Скопје, откако ја освоивме првата титула во Лигата на шампионите. Во тој момент навистина се почувствував како да сум во рајот“, рече Мораеш.