Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар денес против Металург, прв тест во подготвителниот период
Вардар денес против Металург, прв тест во подготвителниот период

Вардар денес против Металург, прв тест во подготвителниот период

Денес ракометарите на Вардар ќе го одиграат првиот подготвителен натпревар во новата година. Се работи за дуел против екипата на Металург, кој е закажан да започне од 12:30 часот во големата сала на С.Ц. Јане Сандански.

Вардарци изминатиов период тренираат и се подготвуваат за вториот дел од сезоната, во кој ги очекуваат натпревари на неколку фронтови. Првиот официјален дуел ќе биде на 28. јануари против екипата на Војводина, во првото коло на СЕХА-лигата. Во месец февруари тимот го очекуваат уште седум дуели во ЛШ и два во СЕХА.

Црвено-црните се некомплетни со оглед дека недостасуваат шест играчи кои се дел од СП. Се работи за Стоилов, Мишевски, Талески, Димитриоски, Валчак и Чупиќ. Денешниот натпревар против Металург ќе биде добра можност за воигрување, но и за испробување на некои тактички замисли од страна на тренерот Алушовски.