Македонската фудбалска репрезентација до 19 години утре заминува за Аланија, каде во наредниот период ќе одигра три контролни натпревари и ќе одржи подготовки. Закажани се дуели со репрезентациите на Бугарија, Молдавија и со екипата на Шахтјор.
За овие натпревари, селекторот на Македонија У19, Шкумбин Арслани, повика и четворица играчи од редовите на Вардар. Се работи за Мартин Радуловиќ-Величковиќ, Виктор Крстевски, Александар Ѓурковски и Анатолиј Петејчук.
Распоред на натпреварите во Аланија за Македонија У19:
Македонија – Бугарија (28.01)
Македонија – Молдавија (30.01)
Македонија – Шахтјор (04.02)
Собирот на репрезентативците е закажан за утре во 09:00 часот во хотелот „Александар Палас“.