Во рамки на 12.коло црвено-црниот сениорски кошаркарски тим „Вардар“ ќе гостува кај екипата на КК Црн Дрим. Напреварот во Струга е закажан за утре (24.јануари) со почеток во 16:00 часот. На натпреварот кој ќе се одигра во Сп.Центар Тими делегирани се: Мијалковски, Цветаноски и Лалков.
Во домашниот дуел токму над овој противник ја обезбедивме единствената победа до сега во лигата. Момците на Александар Јованчев успаа да триумфираат со резултат 76:72. На таа средба Провел имаше 23. поен, што со „дваесетките“ на Дујковиќ и на Лефкоски, се покажаа како решавачки за првиот успех во првенството.