Вардар 1961 го доби пријателскиот натпревар против екипата на Металург одигран денес во СЦ. ,,Јане Сандански”. Во текот на целиот натпревар Вардарци воделе, а на крајот стигнале до убедлива победа од плус осум.
.
Пред почетокот на новата сезона во СЕХА Газпром лигата ракометарите на Вардар 1961 одиграа контролен натпревар против градскиот ривал Металург. И двете екипи играа во некомплетни состави, со отсуство на играчите што настапуваат на СП во Египет. Вардар 1961 победи со 34-26 (14-12).
.
Во нашиот тим недостасуваа шестемина ракометари што настапуваат на СП во Египет, плус Дисингер и Дибиров кои имаат мали повреди, и голманот Кизиќ. Во тимот на противникот од стандардниот состав ги немаше играчите од СП, плус Канкараш и Потпиќ.
.
„Го искористивме периодов да одиграме една контролна средба со Металург и да видиме до каде сме со формата. Било каков натпревар е подобар и од најдобриот тренинг. Сакавме да ја разбиеме таа монотонија со тренирањето и да одиграме меч. Иако сме некомплетни со отсуство на речиси половин атим сепак и ваков натпревар ни дава слика за она то го работиме, вели Стевче Алушовски, тренерот на Вардар 1961.
.
Во текот на натпреварот Вардар постојано имаше водство кое во последните 20 минути од средбата се зголеми на 21-17 во 40 минута. Тоа беше клучниот момент на средбата по што Вардар 1961 само ја зголемуваше предноста која во самата завршница беше и „плус 9 “ за 32-23 , велат од официјалната страна на Вардар 1961.