Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар остана 100% во лигата, совладан и тимот на Студент Академија
ЖКК Вардар остана 100% во лигата, совладан и тимот на Студент Академија

ЖКК Вардар остана 100% во лигата, совладан и тимот на Студент Академија

ЖКК Вардар имаше лесна задача во рамки на шесттото коло од Првата кошаркарска женска лига. Ние на домашен терен бевме фаворит, ја пречекавме и висока ја совладавме екипата на Студент Академија.

Победата дојде со 38.поена позитива. Првиот период го добивме со доминантна игра, имавме речиси двојно повеќе поени од ривалките, по 10.минути водевме со 29-15.  Истата предност од 14.поена ја задржавме и за време на паузата помеѓу двете полувремиња откако во втората четвртина одигравме (17-17). Во следните две повторно ние бевме тимот кој имаше повеќе поени (27-15 и 28-16) па победата дојде со висок резултат 101-63.

По шест кола девојките на Жаклина Стојановска се лидери на табелата со максимални 12.бода. Во следното, 7.коло гостуваме кај тимот на Гостивар 2009.