Моментално во македонското куглање на сила е зимската пауза, истата ќе трае кратко, бидејќи веќе на 20-ти месецов, почнува пролетниот дел во Македонската Кугларска лига-МКЛ.
Во сабота на 20-ти јануари, на програмата е првото пролетно коло односно 6.коло во МКЛ. Оваа сезона таа има шест учесници и според пропозициите ќе се игра трикружно, односно ќе има 15 кола. Напролет ќе има доста мечеви, десет во лигата, и целиот дел во Купот на Македонија. Вардар во 6.коло е домаќин на тимот на КК ГТЦ Мусандра. Истото ќе се игра во кугларницата при Спорскиот центар “Борис Трајковски“ на 20/01/2017 со почеток во 12-00 часот. Момците со подготовки ќе стартуваат уште денес, на истите ќе одработат серија подготвителни треннзи, а можеен е и тест-дуел во идниот период.