Најдобриот спортст на Црна Гора за 2017 година, Вуко Борозан во интервју за медиумите во Црна Гора зборуваше за успехот на Вардар и освоената Европска титула. Црвено-црните успеаа од “сенка“ да ги совладаат фаворитите на завршниот турнир во Келн и да стигнат до првата титула во Лигата на Шампионите, во историјата на клубот. Вуко вели дека успесите се должат на напорната работа и вербата во себе.
-Имав година од соништата, се е плод на напорната работа. Да ја освоиш ЛШ е сон на секој ракометар, цело време верувавме во себе, како времето одминуваше сфаќавме колку вредиме и можеме, затоа што реално на почетокот од сезоната немавме премногу ѕвезди во тимот. Сега се е друго, сите знаат што може Вардар продолживме во ист ритам.
Пречекот во главниот град на Македонија, после пристигнувањето од Келн сигруно дека ќе остане во вечно сеќавање на сите ракометари и сигурно дека тие моменти ја одбележаа изминатата 2017 година.
-Пречекот во Скопје беше навистина неверојатен, нешто што ќе го паметам цел живот. Уште еднаш се уверивме колку ракометот се цени во Македонија и дека е спорт број еден. Се чувствувавме како шампиони во својот град, пред 50.000 луѓе. Но, се чувствуваме исто и денес, затоа што во Македонија ракометарите се нешто посебно. Мора да бидете таму за да го доживеете тоа. Кога излеговме на бината и кога грмна песна од преполниот плоштад, сфативме што направивме. Скопје ја заслужи европската титула, истакна Борозан.