Арпад Штербик и Лука Циндриќ заедно со уште шест ракометари ќе се борат за признанието најдобар Европски играч за 2017 година. Според изборот на ЕХФ, Штербик и Циндриќ од Вардар, потоа Лекаи и Илиќ ( Веспрем). Сагосен (ПСЖ), Агинагалде (Киелце), Перез де Варгас ( Барселона ) и Антон Халбек од тимот на Јиштад се во конкуренција за најдобар Европски ракометар.
Гласањето ќе трае до 7-ми јануари, а за нашите вардарци можете да гласате на линкот, ТУКА.
Штербик и Циндриќ имаа неверојатна сезона во црвено-црниот дрес и имаат голем удел во освоените пет трофеи во изминатата година.