Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Циндриќ: Игравме совршено минатата сезона, во оваа променивме некои работи, но повторно играме сјајно
Циндриќ: Игравме совршено минатата сезона, во оваа променивме некои работи, но повторно играме сјајно

Циндриќ: Игравме совршено минатата сезона, во оваа променивме некои работи, но повторно играме сјајно

2017 година ќе биде запишана како историска за ракометниот клуб Вардар, кој успеа да освои дури пет трофеи, од кои најголемиот беше во Лигата на Шампионите. Играчот кој го постигна “златниот“ гол во полуфиналето против Барселона и обезбеди големо финале, Лука Циндриќ во интервју за “спортске новости“ говори за тоа како Вардар успеа да ја покори Европа и да ја освои Лигата на Шампионите. Не беше лесно, долго време се градеше составот, кој успеа да испише историја за себе, но и за Вардар и Македонскиот ракомет.

-Долго време се градеше оваа екипа. Раул е во Вардар повеќе време, не менуваме многу, имаме константност во играта и тоа почна до доаѓа до израз. Плаќавме со тешки порази и падови, но на крајот се ни се врати во добра смисла. Игравме совршено минатата сезона, во оваа променивме некои работи, но повторно играме сјајно.

Лука вели дека после освојување на СЕХА-лигата и пред заминувањето за Келн, се почуствувало дека можеме да направиме нешто големо.

-Кога ќе ја создадеш таа позитивна енергија која е потребна, тешко е многу да се игра против нас, дури и кога играме лошо. Такви се ситуациите и кога губиш четири голови разлика, а знаеше дека на крајот ќе го добиеш натпреварот. Кога тоа го почуствувавме ? Да речеме после големото финале во СЕХА-лигата, а пред Келн. 

Секако “командантот“ на екипата, кој ја диригира играта на црвено-црните и најзаслужниот за успехот, Раул Гонзалес е тренерот кој успеа да ги склопи сите коцки и да го пронајде вистинскиот тим за трофеи.

-Тој е голем тактичар и тренер кој треба да ги поседува сите квалитети. Нашиот однос преку неделата е “ти знаеш што се треба да одиграш“. Сугерира да одиграме пет до шест акции и не кажува која треба да се одигра, туку ти треба да одбереш. Целосна слобода, но не во смисла да работиме што сакаме. Тоа е состав кој го градевме постепено, од кој нема отскокнување од правилата. Раул знае многу често и да остане со нас после тренингот, да разговара со нас и да ни објаснува. Ретко се дружи со играчите, можеби само во сооблекувалната или на заедничка вечера, се другото е на дистанца.

 

На прашањето кои се омилени и најблиски личности на Лука, тој одговори:

-Шишкарев, Чупиќ и Стоилов… можам и да образложам. Шишкарев е многу позитивна особа, човек кој секогаш знае да ги прекине недоразбирањата и непотребните разговори. Тој е “духот“ на нашата екипа. Чупиќ е голем борец, кога сите сме со наведнати глави, тој секогаш е со подигната глава. Стоилов е капитен, добар човек и пред се мој цимер. 

Штербик и Дибиров се нешто поголемо, како “ѕвезди“ во оваа шампионска екипа на Вардар.

-Штербик е пример за сите, тој е величина. Дибиров посебен лик и малку поразличен од другите. Ти треба многу време за да го разбереш. Шпанците се многу “несериозни“, се држат оделно, но со нас се секогаш кога ни се потребни. 

Следната сезона, Лука ќе настапува за екипата на Киелце, кој ќе биде следен предизвик во неговата кариера.

-Истовремено ми е жал, но и не што си заминувам од Скопје. Се радувам на Киелце и на новиот предизвик, но во Скопје ми е супер. Тука направив големи работи, нешто што не се заборава, истакна Циндриќ.