Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вујо: Во Скопје ме сакаат највеќе, погледнете како Комити ме пречекаа
Вујо: Во Скопје ме сакаат највеќе, погледнете како Комити ме пречекаа

Вујо: Во Скопје ме сакаат највеќе, погледнете како Комити ме пречекаа

Веселин Вујовиќ во интервју за телевизијата „Спорт Клуб“,  зборувше покрај за престојното првенство во Хрватска  и за љубовта кон Вардар и Комити. На прашањето во која од екс ЈУ републиките каде што работел има чуство дека го сакаат највеќе тој одговара:
.
 -Каде ме сакаат најмногу? Мислам дека во Скопје. Можеби грешам, ама ми се чини дека е Скопје. Тие кои следат ракомет, веројатно на Јутјуб имаат видено клип како навивачите на Вардар, Комити, ме дочекаа кога со Загреб првпат се вратив во Скопје. Како сега во Словенија ме доживуваат, во Шабац, во Црна Гора… Жал ми е што не работев само во БиХ, бидејќи го обожувам Сараево, Босна и Босанците. Воопшто не размислувам кој е која вера. За мене добар човек е добар човек и тоа така ќе остане засекогаш“.