Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар со нова победа, Подунавац со трипл-дабл
ЖКК Вардар со нова победа, Подунавац со трипл-дабл

ЖКК Вардар со нова победа, Подунавац со трипл-дабл

Кошаркарките на Вардар ќе бидат дел од плеј-офот во женска конкуренција. А во трката за шампионскиот трофеј ќе тргнат од третата стартна позиција. Го потврдија тоа девојките во „црвено-црна“ комбинација и со  убедлива победа над Струга 2009.

За триумф во дуелот со последнопласираната екипа во Суперлигата, на домашните кошаркарки им беа потребни две добро одиграни четвртини.Во овој случај, или поконкретно, првата и третата во која збирно направија разлика од 21. поен. Откако ја добија првата четвртина со (27:19), дуелот „Под Кале“ беше израмнет во вториот период во кој двете екипи си поделија по 14.поени, па на полувремето Вардар водеше со (41:33).

Но тоа не ги задоволи нивните апетити, па по одморот, одиграа и најдобро. Во тие 10 минути парцијално направија скор (24:11), со кој ја потврдија новата победа во овој суперлигашки дел од сезоната.

Анастасија Подунавац

Анастасија Подунавац

Анастасија Подунавац успеа да биде двоцифрена во три категории,  таа имаше „Tрипл-дабл“погоди 25.поена, имаше неверојатни 17.скока и додаде 10.асистенции.  Репрезентативката Јована Петрушевска имаше 20.поени и 7.скока, „вечната“ Славица Наков погоди 11.поена и подели 8.асистенции.