Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Георг Поп-Крстев: Сеуште не можам да си поверувам дека сме шампиони, секое утро се будам и го гледам трофејот…

Георг Поп-Крстев: Сеуште не можам да си поверувам дека сме шампиони, секое утро се будам и го гледам трофејот…

Вардар во неделата направи чудо, во дуелот каде влезе како аусајдер со шампионскиот тим на КК Макпетрол дојде до изненадувачки висока победа. Таа победа не беше обична туку “златна“, со овој триумф во финалето на Купот на Република Македонија црвено-црните дојдоа до големиот пехар. Еден од момците кој одигра одлично, поентираше кога мечот се кршеше беше Георг Поп-Крстев. Играчот кој од почетокот на оваа сезона е дел од Вардар и се врати на овој спорт по пауза подолга од две години беше таличен за “пумпашите“. Во продолжение ви носиме интервју со овој вардарец, за почеток како и од кога се бави со овој спорт и кој бил неговиот ментор.

Мојата професионална кугларска кариера започна во К.К. Работнички сезоната 2007/2008. Како вчера да беше тоа изиграв 60 кугли против К.К. Тутунски Комбинат Скопје и се случи првата победа од тогаш па се до денес во мене тлее и гори желбата за куглањето. Додека бев во Работнички тренер ми беше Драги Димитровски кој што е и мој сегашен мој тренер и најзаслужен за моето враќање во куглањето по две и пол годишна пауза исто така е најзаслужен што сум она денес јас во куглањето бидејќи Драги ме научи на првите чекори во куглањето ми покажа како спортски да се однесувам на стаза и се она што го знам и денес.

За тоа како одлучи повторно да се активираш во овој спорт, и зашто толку нашиот Вардар го одбра за свој клуб, Поп-Крстев вели:

00

Две и пол годишната пауза остави и мал белек на мојата игра, но одлучив да се вратам во куглањето пред се бидејки добив понуда од Драги Димитровски.  Према него имам голема почит, потоа пресудна беше средината на клубот со прекрасни играчи пред се другари, и на крај никој не може да му каже “НЕ“ на Вардар љубовта на мојот живот.

По помалку од една година како се реактивираше Георг е играч на Шампионот во Купот, какви чуства тоа предизвикува кај овој млад играч дознаваме во продолжение од ова интервју.

Шампиони на купот на Македонија….. сеуште не можам да си поверувам. Секое утро се будам го гледам трофејот и си викам добро утро Шампионе …хахаха. Во финалето влеговме како аутсајдери влеговме фајтерски ослободени од целосниот притисок и од она дека нема што да изгубиме. Започна натреварот како со саати да траеше првата тура одеднаш 2:0 за Вардар. Во втората тура играв јас со Диме (Димитар Димитровски). Диме како Диме шампионски го победи противникот а јас со преголема желба за докажување дека сеуште сум при самиот врв иако имав голема пауза…. oдеднаш 4:0 за Вардар….. Лудило неможев да ја скријам среќата која ме обзема во тој момент. Во последната тура Дарко Димитровски и Донковски Младен мораа да освојат барем два сета за да сме шампиони, но тоа не значеше дека ке идеме на сигурно идевме фајтерски со желба да го ‘’ згазиме ‘’ дотогаш непобедливиот Макпетрол. Чудото се деси Младен победи, Даре немаше спортска среќа да победи но го остави срцето на стаза со онаа чудесна партија од 175 соборени дрва и одлуката дека натпреварот е решен ВАРДАР Е ОСВОЈУВАЧ НА КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА. Прекрасно чуство….

0

Имаше тешка задача кога настапи, беше во пар со Димитар Димитровски лидерот на црвено-црните, а спроти себе имаше силен ривал од Макпетрол. Георг покажа одважност влезе храбро и умно дојде до победа и осови поен, покрај тоа освои повеќе два сета од противникот и впиша одлични соборени 570 “дрва“.

Она што јас го прикажав во финалето на стаза беше неверојатно, бев обземен со позитивен адреналин и мал притисок нормално за победа против мојот противник. Го изиграв најдобриот натпревар за оваа сезона победа со 3:1. Решавачка беше мојата последна кугла и тоа едно дрво успеав да го погодам и одеднаш бев облеан со позитивна енергија и среќа знаев дека сме многу блиску до големата победа и титулата. Благодарам до моите соиграчи и тренерот кој беа цело време позади мене и ме бодреа 120 кугли.

a

Сезоната заврши со овој последен настан, големото финале во Купот по што следи пауза пред возбодувањата во кугларска Европа за КК Вардар оваа есен. Задоволството од пехарот во Купот, вицешампионската титула во првенството и “визата“ за европските натпреварувања е голема.

Задоволен сум од она што го постигнавме оваа сезона односно обезбедивме учество во Европските купови, и сме носители на еден трофеј. Им честитам исто така и на моите соиграчи, тренерот и управата за успехот во оваа сезона. Отидовме мислам на заслужен одмор.

000

Што може да очекуваме во идната сезона 2017/2018 од Поп-Крстев и целиот црвено-црн кугларски колектив дознаваме на крајот од ова интервју од овој млад и преспективен вардаров куглар.

За мојата иднина во куглањето не размислувам многу. Таму сум каде што сакам во Вардар и моментално сме на заслужен одмор. Очекувам наредната сезона да го кренам нивото на мојата игра и повторно да се концентрирам на победи и остварување на зацртаната цел Европски куп и одбрана на трофејот во Купот- изјави Поп-Крстев за нашиот сајт.

МИХАЈЛО ТУШЕВСКИ