Попладнево во населбата Ѓорче Петров, Вардар ќе ја подигне 11-тата првенствена титула во својата историја. Дојдете сите во Ѓорче да славиме нова шампионска титула, излез повторно на меѓународна сцена и да го испратиме Влатко Грозданоски на еден убав начин.
Легендата на Вардар со бројот 87 заслужува полни трибини за последен пат во “црвено – црниот” дрес како играч. Натпреварот започнува со почеток во 16 часот и 30 минути. Билетите се по цена од 100 денари, истите ќе можат да се набават пред стадионот на билетарата.