Friday ,04 October 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Лука Грчевски: Ова ми е прва награда и таа ми е дефинитивно поттик за нови успеси во иднина
Лука Грчевски: Ова ми е прва награда и таа ми е дефинитивно поттик за нови успеси во иднина

Лука Грчевски: Ова ми е прва награда и таа ми е дефинитивно поттик за нови успеси во иднина

Вардаровата генерација “2008“ како дебитант во детската лига, го освои првото место во ова натпреварување во својата возрасна генерација. Тие се најмладата екипа на ФК Вардар, која оваа сезона играше во детската лига и на крајот успеа да станеш шампион на Македонија. Во следниов текст ве запознаваме со голманот на оваа генерација. Се работи за Лука Грчевски кој е 2009 година, односно една година помал од останатите. Омилен клуб му е Вардар и секогаш кога е во можност ги следи натпреварите на првата екипа на Вардар. Наградата за најдобар голман и медалата за шампион на Македонија ја чува до креветот кај што спие. Надежен и талентиран голман, пред кого времето допрва доаѓа за искажување на квалитетите кои ги поседува.

 vardarfans-tatko-i-sin

1. Со оглед дека вашиот татко е ракометен тренер и поранешен ракометен голман, а вие рекреативно играте и ракомет, кој спорт повеќе ве привлекува и како започна приказната да започнете да тренирате фудбал и тоа на позиција голман?

-Јас уште од многу мала возраст сум љубител на спортот и рекреативно спортувам ракомет, хокеј, виндсурф и други спортски актвиности кои ми се интересни, но фудбалот ми е најголема пасија и ми е највозбудлив. Како најпопуларен спорт во светот така и мене ми е најинтересен, постојано пратам фудбалски натпревари на европски и светски првенства и лиги, па желбата да го играм овој спорт ми беше многу голема и сам посакав да се запишам да тренирам фудбал.

18664652_10209436323767216_5589932255054888877_n-660x330

2.Вашата екипа оваа сезона стана шампион, без притоа да забележи ниту еден пораз.Како вие ја оценувате и опишувате сезоната во која бевте дебитанти во детската лига?

-Оваа сезона прв пат игравме во детската лига и беше многу интересно бидејќи прв пат имавме некоја цел која сакавме да ја оствариме. Затоа и тренинзите и натпреварите ни беа поинтересни, а секоја победа не правеше среќни и не мотивираше да одиме само напред. За победите секако се најзаслужни и нашиот тренер Павел и мојот голмански тренер Мутибариќ.

1034

3. Дали на завршните натпревари имаше кај вас мала трема или истата ја отстранивте како течеше сезоната во детската лига?

-Да, имав трема поради одговорноста и големата желба да ја заокружиме успешната сезона со финална победа, но таа исчезнува со свирчето за почеток на натпреварот.

4. На крајот добивте награда за најдобар голман во вашата генерација. Дали ја очекувавте истата, колку ви значи и дали побуди некои чувства?

-Иако и јас лично а и мојот тим имавме успешна сезона, не очекував дека ќе добијам награда за најдобар голман на генерација, но премногу се израдував бидејќи ми е прва награда и таа ми е дефинитивно поттик за нови успеси во иднина.

vardarfans-damjanovski-i-grcevski

5. Дали Лука има идол од кого се огледува во голманската работа?

-Идол ми е Мануел Ноер и мислам дека поради него станав голман, а и татко ми беше ракометен голман, па голманската позиција ми беше најблиска. Тука е  и Наваз, кои ги пратам постојано и би сакал да бидам добар и успешен голман како нив.

Звонко Ивановски