Вардар (1) од генерација 2007 ја одбрани титулата од минатата година. Момчињата на Зоран Петковски без никакви проблеми и оваа година го освоија првото место во оваа возрасна генерација, во финалето беа подобри од тимот на Фер Плеј од Охрид со резултат 4:0. Нивните соиграчи од Вардар (2) пак го освоија бронзениот медал, совладувајќи ја екипата на Фудбал Старс.