Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Да се запре незгодниот шутер Ваел Жалуз

Да се запре незгодниот шутер Ваел Жалуз

Веќе сите мисли се насочени кон Келн и завршниот турнир во Лигата на шампионите. Веќе се прават завршните анализи како да се запрат најдобрите играчи шутери на Барселона.

Еден од нив секако дека е и репрезентативецот на Тунис, Ваел Жалуз кој и е добро познат на македонската јавност со настапите против Македонија со својата репрезентација. Жалуз во Барселона се препороди, последниве две сезони ги игра одлично. Минатата сезона беше еден од носителите на играта на Барса со 69 погодоци, оваа сезона е на бројка од 53 постигнати голови. Левиот бек на Барса заедно со Лазаров и крилото Ривера треба да бидат најголемата опасност по голот на Штербик.

Очекуваме една добра подвижна одбрана која ја спремил тренерот на Вардар заедно со неговиот стручен тим.