Играчите на ФК Вардар продолжуваат со посетите низ скопските училиштa, како дел од кампањата „црвено-црни училишта“. Вчера дел од екипата ги посети средношколците од училиштето „Кочо Рацин“ во населбата Ѓорче Петров. Момците имаа прилика да се дружат и фотографираат со учениците од ова училиште, да им поделат маички, автограми, како и билети за денешниот натпревар Вардар – Силекс после чии крај ја прослават 11-тата шампионска титула.