Прославата на новата шампионска титула во домашниот шампионат е одложена за 7ми јуни. Причина за ова е настапот на РК Вардар на завршниот Ф-4 турнир во Келн кој ќе биде одигран овој викенд.
Ова значи дека Вардар титулата во домашниот шампионат ќе ја подигне идната среда и тоа во Велес. Се надеваме дека оваа титула нема да биде последна оваа сезона. Очекуваме и многу возбудлив турнир во Келн на најдобрите четири екипи оваа сезона во Европа.