Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Зоран Петковски:Без разлика дали ќе продолжат во Вардар или во други екипи, ракометот ќе биде животен позив за многумина од овој состав

Зоран Петковски:Без разлика дали ќе продолжат во Вардар или во други екипи, ракометот ќе биде животен позив за многумина од овој состав

На едно коло пред крајот на регуларниот дел од сезоната во првата ракометна лига, познати се имињата на екипите. која од следната сезона ќе играат во најсилната супер лига и тимот кој ќе игра бараж за пласман во истата. Најголемиот фаворит на почетокот на сезоната, екипата на Младост ќе заврши на првото место и ќе биде нов учесник во супер лигата, додека најпријатното изненадување е екипата на РК Вардар која како второпласирана ќе игра бараж за пласман во супер-лигата. Младиот состав на Зоран Петковски од “сенка“ ќе заврши на вицешампионското место, кое ретко кој му го предвидуваше на стартот на сезоната. Немаше многу време за легендарниот “Зенга“ да го склопи тимот, но и “мозаикот“ кој требаше да се спротивстави на многу поискусните и повозрасни екипи. Најголем дел од екипата беа нови играчи кои претходно настапуваа во младинските екипи, кои немаа големо искуство од одигрување на вакви мечеви и оние неколку кои останаа во екипата, после одигрување на првата сезона во оваа лига. Задоволство од сработеното искажа и нивниот тренер, Петковски кој за нашиот сајт даде едно резиме на сезоната која полека изминува и колку екипатата го достигнала потребното ниво.

-Натпреварите на Вардар како да се пресликуваат еден од друг, условно и резервистите го запазуваат целиот систем, што е податок кој посебно радува. Пред почетокот на првенството многумина не гледаа со скепицизам, како премлада екипа и “голобради“ момчиња. Но сега на крајот од сезоната не гледаат со поинакви очи, каде респект и уважување имаат сите ракометари. Кога сега го враќам филмот чуствував некој оптимизам, бидејќи подолго време со повеќето ракометари бевме заедно. Но дека ќе покажаме солиден ракомет со ваков резултат, навистина не очекував Без разлика дали ќе продолжат во Вардар или во други екипи, мислам дека ракометот ќе биде животен позив за многумина од овој состав. Им напоменувам дека секојдневно докажување и надоградба е неминовна, не само во спортот туку и во животот е потребна.

vardarfans-petkovski

Од непроценливо богаство е искуството кое овие млади ракометари го добија, преку настапите во првата ракометна лига. За добрата сезона, говори и победата против Младост, тим за кој настапуваат поранешни репрезентативци и кој со наведнати глави си замина од Кале.

-Не сакам да звучи нескромно, но секој од овие играчи повеќе или помалку имаше евидентен напредок во оваа натпреварувачка сезона. И последниве натпревари ги одигравме со висок ритам, така и ќе ја завршиме сезоната. Како “шлаг“ на сезоната беше натпреварот со Младост во Скопје, каде буквално му одржавме лекција на поискусниот гостин. 

Вардар и следната сезона ќе оди по “рецептот“ да им се даде шанса на најдобрите во екипата на РК Вардар Јуниор, која и во следната сезона ќе продолжи со настапите во суперлигата. Според информациите веќе нема да постои екипата на Вардар во првата ракометна лига.

-Повеќето од половината ракометари ќе играат следната година во супер лигата од овој состав. Јас сеуште незнам во која младинска категорија ќе работам следната сезона, но деновиве и тоа ќе биде решено.

Звонко Ивановски