Веќе зад нас е сезона 2017/2018 година во Македонската кугларска лига. Вардарци во истата беа ослабнати со неколку заминувања и со послаб персонален состав од лани, но со исти амбиции. Целта одбрана на вицешампионската титула зад богатиот тим на шеснаесет кратниот шампион, КК Макпетрол, а пред сите други тимови во земјава. Вкупно 18 пати имавме играчи во топ-6 листата на колото, истата се формира по завршување на колото и во неа влегуваат најдобрите шест резултати на играчите од сите дуели. Лидер во ова категорија е младиот Георг Поп-Крстев. Најмладиот вардарец има пет места во идеалната топ-6 постава на колото, од кои четири оваа пролет. Тој покажа квалитет оваа сезона достоен за почит, особено ако се земе впредвид дека почна лошо во 6.коло (првото пролетно) и беше сменет. Сепак тој се победи себе и напредуваше, дури постави и личен свој рекорд со соборени 613 “дрва“.
Оваа сезона помина како и што најавив дека нашата борба е за вицешампионската позиција. Завршивме како второ пласирани, тоа е за она што се боревме, успеавме да бидеме позади шампионот КК Макпетрол и пред КК ГТЦ Мусандра нашиот ривал и сите останати. Сезонава ја оценувам како успешна како и за мене така и за мојата екипа. Истата за мене како индивидуален играч беше најуспешна, неколку пати успевав да влезам во тимот на колото поточно пет пати, и исто така успеав да го соборам мојот личен рекорд на еден од натпреварите- вели Поп-Крстев.
Тој дополни и за неговиот ментор, тренерот Димитровски кои му покажа доверба во пролетниот дел, но и сподели мисење за неучествтото во Куп првенството каде требаше да ја браниме титулата, за која лани беше еден од најзаслужните токму он.
Благодарност до тренерот Драги Димитровски кој ми даде шанса да бидам дел од почетниот тим на К.К. Вардар и им благодарам на моите соиграчи за позитивниот тимски дух. Нема да го коментирам односто на КФМ према помалите екипи во првенството, но бојкотот на К.К. Вардар со не играње и бранење на златото во Купот на Македонија јасно кажува како стојат работите во овој спорт. Најискрено како млад играч се надевам на подобра иднина за овој спорт. Идеме на заслужен одмор од неколку месеци и собираме сили за наредната сезона како во Европските купови така и за домашната лига- заврши Поп-Крстев.