Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пенезиќ: Сега победивме, но треба тоа да се потврди и во Скопје
Пенезиќ: Сега победивме, но треба тоа да се потврди и во Скопје

Пенезиќ: Сега победивме, но треба тоа да се потврди и во Скопје

Вардарки со предност од еден гол ќе го дочекаат реваншот во Скопје против екипата на Митјиланд, откако вечерва славеа во Икаст со резултат 23:24. По првото полувреме имавме негатива од три голови, која беше највисока во текот на мечот, а истата позитива ја имаа и црвено-црните во последните минути. На крајот можеме да бидеме задоволни од постигнатиот резултат. Пенезиќ истакна дека Вардар направил грешки кои не смее да ги дозволи на реваншот пред својата публика.

-Нивната голманка одбрани многу топки, а ние имавме доста промашувања. Треба да играме многу поагресивно и подисциплинирано во реваншот. Сега победивме, но треба тоа да се потврди и во Скопје. Токму поради нашите грешки во првото полувреме противникот имаше и предност. Ни требаше време да почнеме добро да играме, но важно победивме. Треба сега да играме уште подобро на реваншот.