Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Четири ракометарки на Вардар и Дибирова номинирани во изборот за најдобриот тим во ЛШ
Четири ракометарки на Вардар и Дибирова номинирани во изборот за најдобриот тим во ЛШ

Четири ракометарки на Вардар и Дибирова номинирани во изборот за најдобриот тим во ЛШ

Четири ракометарки на Вардар и тренерот Ирина Дибирова се номинирани во изборот на најдобриот тим во Лигата на Шампионите, за оваа натпреварувачка сезона.

Амандин Лејно се најде во номинираните за најдобар голман во оваа натпреварувачка сезона. Андреа Пенезиќ ќе се бори да биде најдобриот лев бек, додека Александра Лакрабер и Драгана Цвијиќ се најдоа во изборот за најдобар десен бек, односно најдобар пикер. Ирина Дибирова е во конкуренција за најдобар тренер оваа сезона.

Гласањето ќе трае се до 8-ми мај кога ќе биде познат идеалниот тим, најдобриот дефанзивец, тренер и млад играч. За нашите ракометарки можете да гласате на линкот, ТУКА.