Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Зарабец: Патот до Ф-4 турниот во Келн преку Вардар ќе биде многу тежок
Зарабец: Патот до Ф-4 турниот во Келн преку Вардар ќе биде многу тежок

Зарабец: Патот до Ф-4 турниот во Келн преку Вардар ќе биде многу тежок

Момците на Раул Гонзалез во 1/4-финалето од ракометната машка Лига на шампиони го чекаат два натпревара со германски Кил.  Првиот натпревар од четвртфиналето се игра на 22 април од 17:00 часот во Германија, додека реваншот во Скопје е закажан за 29 април,  со почеток од 17:00 часот. Еден од играчите на Бундеслигашот, Миха Зарабец, не очекува лесни два меча, сепак смета дека Кил може да го мине Вардар.

Да настапиме на завршниот турнир во ЛШ со Кил звучи навистина убаво. Но патот до ракометната завршница во Келн е навистина трнлив. Но, верувам дека можеме да го елиминираме Вардар. Ќе видиме кој ќе биде подобар и кој ќе патува на завршниот турнир во Лигата на шампионите- вели Зарабец.