Tuesday ,03 December 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Поп-Крстев: Само еден викенд не дели од титулата, мотивацијата е на највисоко ниво
Поп-Крстев: Само еден викенд  не дели од  титулата, мотивацијата  е на највисоко ниво

Поп-Крстев: Само еден викенд не дели од титулата, мотивацијата е на највисоко ниво

Кугларскиот клуб “Вардар“ е пред историја, со двете победи во дерби дуелите со актуелниот шампион, Макпетрол и силната екипа на КК ГТЦ дојдовме до позиција да сами одлучваме за шампионската позиција. Лидери сме, имаме за одигрување две кола со две победи без разлика на останатите резултати по две декади екипата на Макпетрол нема да биде шампион и ќе го препушти приматот на црвено-црните.

Дел од Вардар е  младиот куглар Георг Поп-Крстев, Ова момче веќе четири сезони е дел од нашиот црвено-црн кугларски колектив.  Тој дојде тивко… и влезе во вардаровите легенди, пред четири години беше играч кој повеќе од 2 години не кугла, но ја прифати подадената рака на тренерот Драги Димитровски  кој насети талент. Година потоа е златното вардарово момче кое во Куп финалето поентираше за злато. Играше феноменално и во продолжение, потоа пак ја прекина кариерата поради работен ангажман во странство, но пак се врати нормално дома, во Вардар и пак блеснува. Во продолжение интервју со овој вардаров бисер.

pop2

-Дербито го доби Вардар, конечно Макпетрол „падна“, на таа средба Поп-Крстев беше „џокер“ го замени Бране Митиќ и одигра одлично, особено последните два сета од дуелот со ривалот кои ги доби во своја корист. Како го виде дуелот нашиот куглар, кој емотивно ги доживеаа моментите по победата која одамна ја посакуваше.

Саботниот натпревар со Макпетрол не беше како и обично. Се чуствуваше нешто дека може да се случи. Напнатоста и важноста на овој натпревар се ја имаше и кај двете екипи. Започнавме солидно некако понесени од атмосферата и по првите 120 кугли успеавме да поведеме 2 -1 и 60 дрва за нас. По завршувањето на првата тура излегувам од патека и како сонот да почнува да се остварува, треба да се издржи и втората тура. Последните 5 кугли беа клучни за победата. Некако како моите соиграчи да ја задржаа потребната концентрација. Победа од 5-3 неверување дека можеме да го симнеме моќниот и најбогатиот клуб во нашата лига, владетел повеќе од 15 години. Чуството е прекрасно, толку посакуваната титула сега ни е на дофат остануваат уште три кола до остварување на сонот. Не смееме сега да се предадеме имаме скоро отворен пат до титулата и секој кикс може скапо да не чини.

-Вардар мина „пекол“ на натпреварувачки план овој викенд, двете дербиња беа закажани за само 24.часа во Мусандра. Влеговме уморни на дуелот со ГТЦ, но и со голема претпазливост, неуспех ќе го “стопеше“ триумфот над актуелнот првак Макпетрол од ден претходно.

pop3

Се уште понесени од победата против Макпетрол за 24 часа играме со тимот на КК ГТЦ Мусандра. Екипа која знае да ги замрси сметките дури и на фаворитите. Знаеме дека мора да го изиграме и овој натпревар на високо ниво. Почнавме солидно и го остваруваме тоа што треба, по првата тура беше 3-0, тоа ни олесни доста за продолжението. Смиреноста мислам дека го одлучи овој натпревар. До крајот рутинирано знаеме што сакаме и успеавме да победиме со 7-1, резултат кој ни овозможи да ја задржиме лидерската позиција на табелата во МКЛ.

-Останува „шлагот на тортата“, престојниот викенд играме со двете екипи на Пелистер, за освојување на пехарот потребни се максимални резултати, односно две победи и потоа следи крунисувањето. 

Повторно тежок викенд ни престои, два натпревари за 24 часа. Ќе пробаме на тренизите да ја „извадиме“ еуфоријата што е во сите нас да се спремиме и да го издржиме предизвикот. Дербито и одлучувачкиот натпревар се игра во недела во кугланата во Битола против Пелистер. Прв пат ќе настапиме на таа куглана која што е пуштена во функција не повеќе од месец дена. Знаеме дека титулата ни е на дофат, знаеме дека можеме да направиме чудо. Останува да се спремиме и да го завршиме ова долго првенство со титула. Мотивацијата е секогаш присутна и ќе се потрудиме да го оствариме сонот за успех на Драги Димитровски кој вложи многу во овој клуб да прерасне во шампионска екипа. Вечна му слава. ❤

За крај Поп-Крстев ја споделува „тајната“ на вака кохезивниот тим, кој дише како еден, функционира беспрекорно оваа сезона и е на само еден мал чекор од освојување на шампионскиот пехар. 

-Силата на овој тим е тимскиот дух, позитивната атмосфера на моите соиграчи, тренерот и управата. Сите знаевме, чуствувавме дека оваа година може да е наша иако имавме некои пречки поради пандемијата па ни се одложуваа натпреварите. Формата знаеше понекогаш да биде проблем, но тука Вардар е најјак. Секогаш ќе се погрижи некој да ти помогне да се вратиш во посакуваниот ритам- вели Поп-Крстев.