Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Последен вардаров танц за ,,комитата” Глеб..
Последен вардаров танц за ,,комитата” Глеб..

Последен вардаров танц за ,,комитата” Глеб..

Во 2018 година рускиот репрезентативен кружен напаѓач дојде во редовите на Вардар со голема улога – да го замени фантастичниот Илија Абутовиќ кој остави голем траг во одбраната на ,,црвено – црните”. Големата задача не му пречеше на Глеб, па уште во првата сезона во дресот на тимот од Скопје покажа дека се работи за одличен ракометар, борбен, буквално за секоја топка од секоја педа од теренот и командант во одбраната. Токму Глеб беше и еден од најзаслужните со голманот Милосављев за одличната одбрана на Ф4 турнирот во Германија и сензационалната втора европска титула за Вардар.

Глеб толку многу го сакаше Вардар што по завршувањето на сезоната 2018/2019 во која со Вардар ја освои Лигата на шампионите, откажа договорен трансфер во Мотор Запорожје и од сопствен џеб плати 60 илјади евра за да остане во Вардар.

За голема жал, по три сезони минати во ,,црвено – црниот” дрес, попладнево Глеб го има последниот ракометен танц како член на клубот. Можеби еден ден и ќе се врати во Скопје и во Вардар.. ракометните патишта се чудни!