Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > „Лавици“ на мегдан со Металург и Шампион за пласман на младинскиот Ф-4
„Лавици“ на мегдан со Металург и Шампион за пласман на младинскиот Ф-4

„Лавици“ на мегдан со Металург и Шампион за пласман на младинскиот Ф-4

Познати се групите во младинскиот женски шампионат, има 13 екипи поделени во 4 групи чии победници играат на завршниот Ф-4 турнир кој ќе го даде женскиот младински Шампион. Вардар ќе настапува со кадетскиот состав предводен од Платон и Папуџиева, потег кој е за поздрав бидејќи управата на клубот реши да им овозможи на нив да се борат во двете лиги девојките кои тренираат напорно со месеци наназад. Лавиците иако помали се едни од фаворитите за младинска титула оваа година.

ЖРК Вардар е во групата-А со тимовите од Скопје, екипата на Шампион и тимот на ЖРК Металург. Се игра во групата секој со секого, најдобропласиранот тим игра на Ф-4 завршницата. За нас е важна групата-Г бидејќи во полуфиналето ќе укрстиме со победникот на таа група, таму се екипите на: Деспина, Лихнин и Пелистер. Во полуфиналето ќе играме со најдобриот од таа група за место во финалниот меч.

Натпреварите во нашата група се играат недела, 13.јуни.  Против тимот на Шампион играме во 15:00 часот, а против екипата на Металург во 19:00 часот во истата сала во скопско Ново Село ( салата каде што ЖРК Ѓорче игра во лигата).

-Напомена: Поради густиот распоред има мали измени во правилата, наместо 2х30.минути се игра 2х25.минути. Нема да имаат екипите три паузи за консултации,  па тимот има право на само еден тајм-аут во полувреме.