Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Пораз и од Словачка на ЕП, тројца вардарци впишаа поени, Крстевски прв „скокач“
Пораз и од Словачка на ЕП, тројца вардарци впишаа поени, Крстевски прв „скокач“

Пораз и од Словачка на ЕП, тројца вардарци впишаа поени, Крстевски прв „скокач“

Повторно бледа партија на ЕП од Б-дивизијата во Португалија, за М20 репрезентацијата на Македонија. Иако одлично тргнаа, сепак момците  не успеа да врзат две победи. Вчера поразени бевме и од Словачка.

Селекцијата на  Словачка  не совлада со резултат  64:46, по што црвено-жолтата селекција ја  освои четвртата позиција во групата Д.  Навидум го контолиравме дуелот, првиот период од 1о.минути го добивме со девет поена предност, 6:17. Се потоа не е за коментар, во втората четвртина ривалот направи целосен пресврт. Ние целиот дуел го завршивме со само 46.поена, играта повторно беше незадоволителна.

Од Вардарци прв стрелец беше Каркури со 8 поена,  Славчо Темелковски постигна 4, а  Дамјан Крстевски имаше само 3 поена, но впиша и 10 скока.

Ние ќе се бориме за пласман од 9-16 место. Натпреварот против Естонија  од овој сегмент ќе се игра   утре, 19-ти јули.