Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Македонија против Литванија за пласман во 1/2-финалето
Македонија против Литванија за пласман во 1/2-финалето

Македонија против Литванија за пласман во 1/2-финалето

Денес  на ЕХФ шампионатот  во Литванија младинската женска ракометна селекција на Република Македонија го игра клучниот дуел за пласман во полуфиналето. На мегдан ни излегува токму домаќинот на овој шампионат, тимот на Литванија.

Дуелот е закажан за во 18-00 часот по македонско време. Двата тима имаат по два бода по одиграните две кола па се е „фрлено“ на оваа средба. Победа обезбедува полуфинале, црвено-жолтите имаат и поповолна гол-разлика па и евентуален симетричен резултат, реми е во наша корист.

Во овој тим има пет вардарки, четирите ракометарки: Џатевска, Божиновска, Седлоска и Трпевска на првите средби стрелаа. Голманката Илиќ сеуште не доби прилика за настап во досегашниот дел од шампионатот. Од денешната  средба ќе има директен пренос, видео линк за следење на случувањата во живо ќе поставиме подоцна.