Нашата јуниорска репрезентација вчера го одигра вториот натпревар на Европското првенство (дивизија Б) што се одржува в Скопје и запиша пораз од соодветната репрезентација на Холандија.
Доминантните Холанѓани лесно ги враќаа топките кои нашите репрезентативци не успеаја да ги реализираат, поголемиот дел зад линијата за три поени. Јуниорите имаа моменти без реализација на паркетот за кое време противниците таложеа предност. Натпреварот заврши со 62-84, триумф на Холандија. Повторно Валмир Какруки беше најистакнат од вардарци, тој беше стартер и одигра 19:45.минути. Имаше двоцифрен ефект тој постигна 10 поени и беше втор стрелец кај црвено-жолтите. Исто како и на првиот дуел другите двајца кошаркари од црвено-црниот тим, Андреј Данилов и Благој Димитриев кои играат во оваа селекција имаа епизодни улоги на овој меч.
За нашите кошаркари следи натпревар против Луксембург, денес (недела, 29. јули) со почеток во 18 часот и 45 минути во големата сала на Кале.