Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Македонија на “крилјата“ на вардаровиот голман, Марко Кизиќ успеа да се пласира во финалето на ЕХФ Шампионатот
Македонија на “крилјата“ на вардаровиот голман, Марко Кизиќ успеа да се пласира во финалето на ЕХФ Шампионатот

Македонија на “крилјата“ на вардаровиот голман, Марко Кизиќ успеа да се пласира во финалето на ЕХФ Шампионатот

Голем успех за младинската репрезентација на Македонија, која успеа да се пласира во големото финале на ЕХФ Шампионатот. Таму не чека селекцијата на Белорусија која славеше во дуелот против Швајцарија, во рамките на првото полуфинале.

Во најголем дел од првото полувреме се играше израмнето и ниту една од селекциите не успеваше да поведе со два гола разлика. Секогаш кога избраниците на Брестовац ќе се одлепеа на два гола разлика, следеше одговор од противникот кој го израмнуваше резултатот. Имаше шанса, Македонија на одмор да замине со два гола предност, но Фарски Острови постигна гол, па по истекот на првите 30 минути имавме водство од 13:12.

Во вториот дел, Македонија играше подобро и за прв пат на овој дуел се одлепи на три гола разлика, кога погоди поранешниот вардарец, Јагуриновски, додека на голот застана Марко Кизиќ, кој го брани голот на Вардар Јуниор. Токму со неговите сврзани одбрани, Македонија постепено, но сигурно се одлепи и на највисоки пет голови (21:16). Кога се мислеше дека е решен патникот во финалето, не мислеа така и селекцијата на Фарски Острови, која со серија од 0:4 го намали резултатот на само еден гол негатива (21:20). Сепак избраниците на Брестовац се соземаа и повторно имаа два гола предност, која не беше доволна за триумф во регуларниот дел. Противникот во финишот постигна два последователни голови и го израмни резултатот на 23:23.

vardarfans-mkd

Директно се пристапи кон изведување на удари од седум метри, во кои подобро се снајдоа нашите надежи. Македонија во оваа пенал серија беше подобра со 4:2, а херој беше Марко Кизиќ, кој успеа да одбрани два удари.

Голманот на Вардар Јуниор, Марко Кизиќ го заврши натпреварот со 7 одбранети удари и два седмерци, додека Мишевски и Кукуловски постигнаа по еден гол. Финалето против Белорусија ќе се одигра вечерва, со почеток од 20:00 часот.

vardarfans-kizic