Лошите резултати продолжуваат кај “црвено -црните”. По големиот неуспех во Лигата на Европа и двата порази од Пјуник, Вардар дојде ред да загуби и на пријателски натпревар од новиот прволигаш, Македонија ЃП со резултат 0:1 (0:0).
Остануваат уште 15. денови до стартот на новата сезона, шанса Вардар да се консолидира и да го започне првенството како што му доликува на еден најтрофеен клуб во земјава.
Вардарци идниот викенд ќе одиграат уште еден тест натпревар, противникот не е познат.
За тимот на Вардар во првиот дел играа: Гачевски, Тошевски, Новак, Попов, Брдаровски, Битанг, Мицевски, Талески, Цветаноски, Барсегјан, Максимов. Во вториот дел играа уште: Илиќ, Серафимов, Херанц, Најдовски, Лира, Бала, Али, Реџепи, Попозлатанов, Колевски и Манев.