Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар в среда го дознава распоредот на дуели во првата лига
ФК Вардар в среда го дознава распоредот на дуели во првата лига

ФК Вардар в среда го дознава распоредот на дуели во првата лига

Фудбалскиот клуб Вардар во среда ќе го дознае противникот за првиот меч и распоредот на дуели  за новата сезона 2018/2019 во првата лига. Како што е веќе најавено извлекувањето на паровите за престојната натпреварувачка сезона ќе се одржи на први август, истото ќе започне  во 12:00 часот во „Куќа на фудбалот”.

Покрај нас во оваа сезона во елитата ќе се натпреваруваат нововлезените екипи на Македонија Ѓорче Петров и струмичка ФК Беласица, и “староседелците“ Шкендија, Работнички, Шкупи, Силекс, Победа, Ренова и А.Пандев. Почетокот на натпреварувачката сезона 2018/19  се презакажува и ќе започне една недела подоцна од предвиденото, односно на 12. август 2018. (недела). Вардар по три титули по ред лани беше второпласиран и како вице-првак влегува во новата сезона.