Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Брестовац повика 5 вардарци на подготовките за ЕХФ Шампионатот во Грузија
Брестовац повика 5 вардарци на подготовките за ЕХФ Шампионатот во Грузија

Брестовац повика 5 вардарци на подготовките за ЕХФ Шампионатот во Грузија

Cелекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, го објави списокот од 22 ракометари што ги повика на првиот собир за почеток на подготовките за ЕХФ Шампионатот што во периодот од 10 до 19 август ќе се игра во Грузија. Дури пет играчи на списокот се од црвено-црниот тим.

Списокот на повикани ракометари ( вардарци се одбележани со црвено): Виктор Василевски, Дарко Кондев, Марко Божиновски, Игор Ѓорѓиев, Дејан Џигероски, Бобан Каковски, Мартин Карапалески, Мартин Серафимов, Васил Витанов, Ненад Костески, Ален Ќосевски, Кристијан Симоноски, Андреј Митиќ, Симон Гучевски, Кристијан Анѓелкоски, Бојан Солев, Марко Кизиќ, Давид Даев, Теодор Тодески, Мартин Ивановски, Александар Стојков, Димитар Ристовски.

Подготовките на кадетите ќе се одржат во Маврово, а заминувањето за Маврово е предвидено за вторник (31 јули 2018) од 11:30 часот од пред канцелариите на РФМ во Скопје.

Кадетската репрезентација на Македонија (до 18 години) на ЕХФ Шампионатот во Грузија се наоѓа во групата А заедно со селекциите на Швајцарија, Фарски Острови, Естонија, Литванија и Луксембург. Првопласираните две селекции ќе се пласираат во полуфиналето на турнирот, а само освојувачот на турнирот ќе обезбеди место на наредното Европско Првенство.